Нивото на радијација на Месечината е алармантно високо
Новите истражувања посочуваат дека астронаутите кои ќе патуваат на Месечината како дел од мисијата Артемис на американската вселенска агенција НАСА во 2024 година, ќе бидат изложени на зрачење 200 пати повисоко од она на Земјата.
Мерењата биле направени во јануари 2019 година. Изворот е кинеската ровер-мисија Чанг-е 4, а податоците се објавени во списанието „Сајенс адвенсес“.
Се наведува дека астронаутите ќе бидат изложени на просечна дневно зрачење од 1.369 микросиверти. Тоа е 2,6 пати повеќе од дневната изложеност на Меѓународната вселенска станица, но сепак може да се смета за безбедна количина на кус временски период.
– Зрачењето што го измеривме на Месечината е 200 пати поголемо од она на површината на Земјата, или пет до десет пати поголемо од летот меѓу Њујорк и Франкфурт. Астронаутите би биле изложени на ова зрачење подолго од патниците и пилотите на прекуатлантските летови, а тоа е значителна изложеност, смета физичарот Роберт Вимер-Швајнгрубер од Универзитетот во Кил, Германија.
Научите истражувања говорат дека изложеноста на зрачење може да има долгорочни здравствени влијанија, како што се појава на катаракта, рак, дегенеративни болести на централниот нервен систем и други органи. Научниците предупредуваат дека изложеноста на поголема количина сончеви честички без соодветна заштита, исто така, е опасно.
При мисијата Артемис, астронаутите ќе останат на Месечината две недели и ќе направат две „стапнувања на Месечината“, односно предвидени се две излегувања од капсулата. Дали овие податоци ќе влијаат на плановите, сè уште не е познато. Астронаутите и натаму тренираат и се подготвуваат за историската мисија.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци