Ниските даноци клучен аргумент за инвестиции во Македонија
Ниските даноци се една од клучните причини за инвестициите на странски компании во Македонија, која се рангира како земја со најниска вкупна даночна стапка во светот.
Во прилог на тоа говори константацијата на Групацијата на слободни зони на Србија дека 11 странски компании наместо во Србија, одлучиле да инвестираат во Македонија и се зборува за воведување нула проценти данок на добивка, како што има во земјава.
Намалувањето на даноците владата го отпочна во 2007-та со воведување на рамниот данок, по што следеа низа други мерки и ослобудувања.
- според најновиот извештај за глобална конкурентност на Светскиот економски форум за 2015 – 2016 година Република Македонија има најниски даноци во светот со вкупна ефективна даночна стапка од 7.4 отсто и е единствена земја од 140 економии со стапка пониска од 10 отсто, рече премиерот Груевски обрајќаки се пред шапнските бизнисмени на вчерашноиот македонски бизнис форум во Мадрид.
Меѓу даночните олабавувања се и намалениот ДДВ за повеќе категории на производи и услуги, со цел да се излезе во пресрет на барањата на фирмите за да се помогне нивното работење. Па така од 18 на 5% се намали ДДВ во продажбата на станови, во земјдоестлвото, туризмот, информатичката технологија и други гранки.
Фирмите со промет до 3 милиони денари годишно беа ослободени од данок на добивка, што засегна 37.000 мали и микро трговци. За фирмите со промет до 6 милиони беше воведена опција да изберат дали ќе плаќаат данок на приход од 1% или на добивка од 10%.
Политиката на намалување на даноците главно се спроведуваше во екот на кризата кога повеќето држави ги зголемија даночните оптоварувања за да ги полнат буџетите.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
