Нискиот опфат на вакцинација со МРП вакцина се должи на антивакцерските движења, смета Сали
Причината за нискиот опфат на вакцинација со МРП вакцина е кај антивакцерските движења, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали, посочувајќи дека вакцинацијата е задолжителна за секое дете.
– Нема некоја друга причина зошто некој родител кој е сам вакциниран и е сигурен, значи е здрав, како што сме сите ние тука присутни, да предизвикаме ризик кај нашите деца. Освен антивакцерството не гледам друга причина. Вакциналните пунктови се временски добро организирани, пациенти се вакцинираат во одредено време, а потоа се примаат деца за редовна имунизација, посочи Сали, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во пресрет на Европската недела за имунизација на која беше соопштено дека неопходно е да се зголеми опфатот со МРП вакцината, а беше и најавена и кампања на Министерството за здравство и УНИЦЕФ за да се укаже на ефикасноста на редовните вакцини за деца.
Имунизираноста, нагласи Сали, е за сите деца кои се заинтересирани за запишување во градинка.
– МРП вакцина се прима после 12-тиот месец. Меѓутоа во делот на рестриктивни мерки ние не можеме да носиме одлука за поединци, меѓутоа мораме да кажеме дека вакцинацијата е задолжителна за секое дете, обврска е, додаде Сали.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Ќе работиме со МВР и општините да се зголеми опфатот на камерите од „Безбеден град“
-

Како „Везилка“ ќе ја ткае паметната иднина? | Димитар Трајанов и Пешевски | Sitel Podcast 129
-

Филипче: Вечерва ќе побарам да се повлечат сите членови на ИО, новите членови ќе бидат избрани за две недели
-

Уставната судијка Дабовиќ поднесе оставка
-

Уапсен е сопственикот на кравите во Крива Паланка | ВИДЕО
-

Путин: Русија не сака војна, но ако Европа ја сака - подготвени сме
-

Одбраната ги оспорува обвиненијата за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 4 декември
-

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел
