Македонија
17. October 2019 - 18:53

Ниска свест за потребата од селекција на отпад и рециклирање

Наместо во контејнери за селекција , ѓубрето завршува во импровизирани канти за отпадоци-ваква слика може да се забележи низ скопските улици. Не е ништо подобро и во центарот на градот, каде на несоодветно место беше оставен градежен шут. Во контејнерите намети за стакло, има секкаво вид мна отпад освен стакло. Граѓаните велат дека свеста е на ниско ниво, но признаваат дека не селектираат отпад. Истиот проблем го има и во соседните земји.

Со цел да се подигне свеста кај граѓаните за придобивките од рециклирањето, во организација на две компании, волонтери но и амбасадори го чистеа кејот на Вардар.

Од претпријатијето Кумунална хигиена апелираат граѓаните да го селектираат ѓубрето во контејнерите поставени за таа намена. Од таму велат во Центрите за селекција на оптад во Вардариште и Карпош, заклучно со септември биле селектирани  4 160 кг пластика, 63 108 кг и 225 000 кг стакло.