Бизнис
25. јуни 2019 - 16:28

Ниска реализација на капиталните инвестиции во првите 5 месеци

Продолжува слабата реализација на капиталните инвестиции и во  петтиот месец. И покрај тоа што дел од економските министри најавија градежен бум,  бројките од министерствто за финансии покажуваат дека  за пет месеци за  капитални проекти ( градинки , училишта гасоводи, автопати ) државата потрошила  само 58 од предвидените 420 милиони евра за годинава. Тоа се скормни  13, 7 проценти од проектираното.  Само во мај пак за оваа намена потрошени се 16, 5 милиони евра.  Според експертите ситуацијата со капиталните проекти  е таква, или поради лошо менаџирање со нивната реализација или пак се работи за лошо планирање на расходите. Велат дека ако се троши помалку отколку што е планирано потребно е да се направи веднаш ребаланс на буџетот.

Трендот е подолготраен. Релизацијата на капиталните расходи за 2018 исто така беше многу лоша. Затоа и останаа средства во буџетот за 2018 година со кои делумно се раздолжија општините. Истото се случува и во 2019-та година. Со тоа што сега реализацијата е уште полоша.

Ако помалку се троши од планираното, а од друга страна министерот за финансии во заминување, изјави дека буџетот се полни над очекувањата, очигледна е потребата од ребаланс заради ликвиноста на буџетот. Можеби повторно се создаваат услуви за наменска прераспределба на дел од буџетот за второ големо раздолжување на општините или пак во опција е и делумно предвремено раздолжување на државата, со откуп на долгот, вели за Сител еконскиот експерт Павле Гацов.

И покрај лошата реализација  на капиталните проекти, министерот за транспорт Сугаревски тврди  дека во неговото министертво реалзаицијата се одвива според предвидената динамика.

Заклучно со јуни реализираме 50% од гасификацијата. Уште од сега со сигурност може да најавам 100% исполнување на овој клучен проект. Изградбата на социјалните згради е 100% реализација. Во моментов работиме на изградба и рехабилитација на 44 патишта или вкупно 550 километри. Течат 28 проекти за изградба на 187 киломтри комунална мрежа која ќе служи за 225 илјади жители, напиша Сугаревски на својот фејсбук профил.

Лоша реализација на капиталните инвестиции имаше и лани, кога беа предвидени близу 400 милиони евра, поради што Владата со ребаланс на буџетот мораше да скрати 100 милиони евра од оваа ставка.