Македонија
22. March 2023 - 12:17

Ниска екокултура – загадено езеро

Несовесните граѓани го загрозуваат функционирањето на колектроскиот систем кој ги собира отпадните води но и го штити Охридското Езеро.

Влажни марамици,градежен отпад многу често ги запушуваат пумпите, од јавното претпријатие „Колекторски ситем“ посочуваат дека еколошката култура за жал останува сеуште на ниско ниво и најавија кампања за подигање на свеста со цел зачувување на Охридското Езеро.

„Таа еколошка култура е на многу ниско ниво кај сите нас. Тоа го видовме и со снимките кои ги имаме направено во колекторскиот цевковод на материјали на кои ни на крај не им е местото таму. Многу пати сум ги споменал влажните марамчиња како најголем проблем, градежни материјали, гранки и ќе кажам уште еднаш еколошката култура кај нас е на многу ниско ниво“, истакна Владимир Алексијоски – в.д. директор на Државното Јавно Претпријатие Колекторски Систем.

Од јавното претпријатие велат дека променети се потопни пумпи на неколку локации со секачи кои во голема мера го намалуваат запушувањето на цевководот и го олеснуваат неговото функционирање.

„Работењето на пречистителната станица го донесовме на степен на 90% искористеност.А, што се однесува по однос на автоматиката со гордост можам да кажам дека направивме многу. За разлика од прано со неавтоматската регулација, пумпите во сушни денови повеќе одмараат отколку што работат“, истакна  Алексијоски од Јавно Претпријатие Колекторски Систем.

Подобрувањето на колекторскиот систем е само еден дел од грижата за езерото потребна е сеопфатна институционална акција за негова заштита.