-->
-->
Ниска цената на јагнето и млекото, сточарите ги нудат стадата на продажба
-->
Речиси двојно пониска беше откупната цена на јагнешкото за празниците. Сточарите кубурат и со, како што велат, ниска откупна цена на млекото, поради што голем дел од нив веќе ги нудат своите стада на продажба.
Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија Евтим Шаклев, цената на божиќното јагне беше 140 денари килограм жива мера, наместо 200 до 220 денари.
- Јагне нема колку што се бара. Количините се намалуваат поради лошата цена и на јагнето и на млекото. Ако за божиќните празници цената беше 140 денари, за Велигден ќе биде 100 денари. Во вакви услови кој ќе чува овци? Голем дел од сточарите ги нудат стадата на продажба поради ниската откупна цена на месото и млекото, изјави Шаклев за МИА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија