Нишани ги повика албанските партии на дијалог за компромис

Албанскиот претседател Бујар Нишани оцени дека е неопходен дијалог меѓу политичките партии во Албанија, бидејќи, според него, само преку дијалог може да се постигне и компромис.
На тој начин, смета Нишани, Албанија ќе може да излезе од длабоката политичка криза.
- Сакам да нагласам колку е значајна цивилизациската димензија, димензијата на една зрела политика на соработка, взаемна почит, политичкото однесување и институционалното дејствување, со кои културните и цивилизациските вредности ќе бидат оживотворени не само во културното наследство, туку и во секојдневното однесување на институциите и субјектите кои ги чинат овие институции. Историјата, не научи дека дијалогот е најдобар начин, преку кој се постигнува компромис, разбирање и почитување на стандардите кои се обврзувачки за сите страни, изјави Нашани.
Како што јави дописникот на МИА, со приближувањето на парламентарните избори закажани за 18 јуни, обединетата опозиција предтводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, продолжува со протестот во шаторите поставени пред Владата уште од 18 февруари, барајќи формирање техника Влада како „единствена можност за спроведување слободни и фер избори“.
Албанската опозција не го прекина бојкотот на Парламентот и престојните избори, дури ни по посетата шефот на германската дипломатја Зигмар Габриел, кој при престојот во Тирана побара опозициските партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на изборите. Барањето за формирање техника влада пред избори, тој го оцени како апсурдно.
Ново на Сител
-

Фирма од Свети Николе оштетена за 44.222 евра при компјутерска измама
-

Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Стефковски: По четири децении, Домот на културата „11 Октомври“ повторно оживува
-

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток
-

Уценувала газда со фотографии од нехигиенска кујна да му плати 5.000 евра или да ја врати на работа
-

Телото го измил и го подготвил за погреб, синот кој си го уби таткото во Гостивар прикривал траги
-

Детска песна за „Голема Албанија“ емитувана на МРТ2, програмскиот совет ќе утврдува одговорност
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, во текот на денов врнежи од дожд, наместа пообилни
