Нисан очекува рекордна годишна загуба од 4,5 милијарди американски долари
„Нисан мотор“ денеска процени дека ќе забележи најголемата годишна деловна загуба во својата историја и дека продажбата на возилата ќе падне за 16 проценти, додавајќи дека пандемијата на коронавирусот ги спречува напорите да се направи пресврт во бизнисот.
Вториот по големина производител на автомобили во Јапонија предвидува дека загубата во работењето ќе достигне 470 милијарди јени (4,5 милијарди американски долари), што е значително над проценката на аналитичарите анкетирани од компанијата „Рефинитив“, кои предвидуваа загуба од 262,8 милијарди јени.
Ова е втора година по ред со негативен финансиски резултат за Нисан.
Компанијата соопшти дека предвидува пад на приходите од 20 проценти, на 7,8 трилиони јени.
Глобалната продажба на возила „Нисан“ падна за 48 проценти, на 643.000 единици, во кварталот кој заврши во јуни, при што продажбата во Северна Америка, главниот пазар на јапонската компанија, е преполовена, додека продажбата во Кина падна за 40 проценти.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници