Нинова: Без БСП нема стабилна влада
 – Лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова, неколку часа пред да се сретне со раководството на партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, за БНТ изјави дека без нејзината партија не може да има стабилна влада.
– Лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова, неколку часа пред да се сретне со раководството на партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, за БНТ изјави дека без нејзината партија не може да има стабилна влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа ја оцени како лицемерна можноста „партиите на промени“ да формираат нова бугарска влада со поддршка на Движењето за права и слободи, поради протестот на „Демократска Бугарија“ на плажата Розенец во близина на резиденцијата на почесниот претседател на ДПС Ахмед Доган пред една година и сега формираната специјална комисија на оваа тема во новоизбраниот бугарски парламент.
Нинова смета дека може да има повеќе состаноци со „Има таков народ“. Според неа, политиките се поважни, но исто така и луѓето кои ќе ги спроведат. Таа е категорична дека има неколку многу важни приоритети за земјата, како што се усвојување на Планот за обновување и одржливост, актуелизацијата на буџетот на Бугарија за 2021 година и подготовка на Буџетот за 2022 година, како и подготовка за новиот бран на Ковид-19. Според неа, долгорочни приоритети се реформата на здравството, економијата и судскиот систем на Бугарија.
 
Ново на Сител
-   
           Орбан: Кој денеска ја поддржува Украина, ја поддржува војната
-   
           Две лица загинаа во бурата од рекордни размери во Њујорк
-   
           ФТ: Самитот Трамп-Путин е откажан поради цвртстиот став на Русија за Украина
-   
           Во камион на Табановце откриени околу 130 килограми марихуана
-   
           Приведен возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
-   
           Денеска е Св. апостол и евангелист Лука
-   
           Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца
-   
           Разговорите Трамп-Си завршија со примирје, а не со договор, со нови потенцијални ризици






