Нимиц во Скопје на разговори со државниот врв

Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје на разговори со македонскиот државен врв за можностите за решавање на спорот за името.
Нимиц, како што соопшти прес-службата на ОН, доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада со цел да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на ОН за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.
Во соопштението се додава дека на покана на Владата на Република Грција, предвидено е Нимиц да замине за Атина.
Во интервјуто за емисијата „360 степени“ во пресрет на посетата Нимиц вели дека е добро што новиот државен врв веднаш покажува волја да продолжат разговорите.
- Во Скопје има нова влада со нови идеи околу ова прашање. Во изминативе неколку години од различни причини времето не беше соодветно за интензивни и сериозни преговори за прашањето за името. Се надевам дека вниманието се враќа кон ова многу важно прашање, одам за да се сретнам со страните и да ја тестирам подготвеноста за сериозен напредок. Овој пат не носам нов предлог, рече Нимиц.
Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција, последен пат ги посети двете земји на крајот на јули 2014 година.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
