Нимиц: Прашањето за името може и треба се реши следната година
Прашањето за името може и треба да биде решено следната година, изјави медијаторот Метју Нимиц по денешните разговори во Брисел со преставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, пренесува МИА.
- По толку многу години, не постои магично ново име што може да се појави од никаде и да го реши прашањето. Решението ќе биде најдено со политичка волја и добра дипломатија, рече Нимиц.
Според медијаторот, дефинитивно и во Грција и во Македонија е подобрена климата за решавање на прашањето за името. Денешените разговори во Брисел, како што посочи, поминале во добра атмсофера. Најави дека разговорите ќе бидат интензивирани во наредниот период со нови средби во Њујорк во јануари, февруари и март.
Нимиц оцени дека владите во Атина и Скопје решавањето на прашањето за името го ставаат високо на своите агенди и имаат намера и натаму да работат на подобрување на меѓусебните односи.
Нимиц не кажа дали на средбата излегол со нов предлог.
Денешената рунда разговори за името во Брисел се одржа по пауза од три години
Ново на Сител
-
Таткото на Илон Маск проговори за син му како семеен човек
-
Во Берово утрово -14, на Попова Шапка 32 сантиметра снег
-
Изгоре стан во Кисела Вода, повредени се двајца станари, пожарникар и полицаец
-
Трамп: Да беше Бајден на власт, ќе започнеше Третата светска војна
-
Продолжува јавната расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
-
Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи, од Комората на трговци повторно со реакција
-
Венс го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп
-
Најмалку две лица загинаа при судир на два мали авиони во Аризона