Македонија
11. May 2023 - 9:51

Николовски: Во Брисел ги изгубив картичките, не знам колку покачување добив

Љупчо Николовски министерот за земјоделство во Брисел ги изгубил платежните картички и сега не знае колку пари му дошле на сметката по покачувањето на платата.

Тој не кажа на што ќе го троши новото покачување, зашто како што рече, и кога ќе го добиел, ќе донирал.

Министерот Николовски е само еден од добитниците на новото зголемување на функционерските плати за 78 отсто, кое предизвика многу реакции во јавноста.

Пресметките покажуваат дека само за нето плати плус придонесите за 20-те членови на Владата, ќе бидат исплатени речиси 750.000 евра, а само за премиерот државата ќе плаќа околу 47.000 евра годишно.