Николовски во Берово ќе се приклучи во акцијата за пошумување „Ајде да пошумуваме заедно“
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со ЈП „Национални шуми“ и градоначалникот на Општина Берово денеска ќе се прикчучат кон големата акција за пошумување „Ајде да пошумуваме заедно“.
Како што информираат од МЗШВ, акцијата ќе се спроведе на локацијата Будинарски рид каде овие денови се спроведува големата акција за пошумување. Кон оваа акција на локацијата во Берово се приклучуваат учениците од средното училиште „Орце Николов“, Сојузот на извидници на Македонија и општествено одговорните компании „КБ Пензинско друштво“ и „Халкбанка“.
Во рамки на акцијата за пошумување министерот Николовски ќе го посети и Тодор Кацарски од Берово, еден од апликантите на програмата за проширена репродукција на шумите, преку мерката за пошумување на голини и заедно ќе извршат пошумување на приватно земјиште, како дел од акцијата за пошумување.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
-

20 диви депонии низ Прилеп
-

Втор ден дебата за Буџетот
-

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира
