Николовски со обвинувања за градоначалникот на Демир Капија
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска изјави дека има документи за тоа како му се давале субвенции на семејството на градоначалникот на Демир Капија, Трајче Димитриев.
Николовски обвини дека сопругата на градоначалникот Виолета Димитриева, иако како управил и сопственик на фирмата „Корал“ била избришана од Централниот регистар, сепак потпишала договор за цесија со Министерството за земјоделство.
- Договорот за уште една цесија е потпишан од министерот Димовски повторно без печат, само со потпис од сопругата Димитриева. Иако Виолета повеќе од една година не е ништо во фирмата, таа потпишува фактури и налози, изјави Николовски.
Според него, спорно е и тоа што градоначалникот Димитриев од 2009 до 2014 година истовремено бил и градоначалник и управител на фирмата „Барово“ која се занимавала со агробизнис.
- Мора да има законска, институционална реакција во однос на доказите коишто ги објавивме. Наша законска обврска е откривање на злоупотребите и манипулациите како и пријавување на прекршувањата на законот без разлика за кого станува збор, рече Николовски.
Ново на Сител
-
Судењето против таткото на Васил Јованов одложено, обвинителниот предлог изменет
-
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
-
Годишeн извештај: Обвинителствата во 2024 постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела
-
Претрес во Пробиштип, приведени две лица, пронајдени дрога и куршуми
-
Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот
-
Комитетот за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот на Извештајот на Вајц за земјава
-
Нова видеоигра „Титаник“, каде што треба да се избега од бродот | ВИДЕО