Николовски: Нека е честит и вековит големиот празник Успение на Пресвета Богородица
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по повод еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица, до сите верници од православна вероисповест упати честитка со желби за добро здравје, среќа, меѓусебно разбирање и почитување.
„На сите христијански верници им го честитам овој голем празник, Успение на Пресвета Богородица, празникот на љубовта, радоста и добрината, со кој го празнуваме почитувањето, разбирањето, толеранцијата и сакањето на блиските.
Постојано, а особено сега во време на пандемија, треба да ги следиме овие универзални човечки вредности, да ја покажеме солидарноста на дело и да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите.
Нека е честит и вековит големиот празник Успение на Пресвета Богородица“, се наведува во честитката на Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Наташа Котлар Трајкова
-
Силјановска Давкова: Не смееме да дозволиме истористи ревизионизам
-
Политичарите го честитаат 11 Октомври
-
Без почитување на минатото нема иднина
-
ДУИ негира дека нивните министри ја поддржале владината стратегија за укинување на балансерот
-
Штаунас: Преземените обврски да се реализираат
-
Поголема контрола на езерото
-
Преглед на вестите