Николовски: Недопирливи нема, градиме држава во којa виновните се казнуваат а праведните напредуваат
 – Градиме систем кој води ефикасна, севкупна борба против корупцијата, на сите нивоа, во сите сфери, се додека корупцијата не се доведе до степен на неисплатливост, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалнот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски при посетата на граничниот премин Деве Баир.
 – Градиме систем кој води ефикасна, севкупна борба против корупцијата, на сите нивоа, во сите сфери, се додека корупцијата не се доведе до степен на неисплатливост, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалнот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски при посетата на граничниот премин Деве Баир.

Посетата на граничните царинска и полициска служба ја оствари заедно со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески.
–Градиме држава во којa виновните се казнуваат, а праведните напредуваат. Во оваа борба недопирливи нема. При посетата ја потврдивме заедничката заложба за зајакнување на соработката помеѓу сите надлежни антикорупциски институции, заедничко дејствување и здружување на капацитетите во ефикасно сузбивање на корупцијата и криминалот. Тука сме за да работиме во служба на граѓаните и државата. Со навремена и професионална работа и влог на сите инволвирани институции го зајакнуваме системот и ја водиме корупцијата до степен на неисплатливост. Тоа ќе се спроведе преку зајакнување на системот, соодветни кривични постапки, постапки за испитување имотна состојба и конфискација на имотна корист стекната преку кривични дела. Преку контроли и систем на следење до нулта толеранција за секој кој ќе посегне да го наруши правниот систем, рече Николовски.
Според него, недопирливи нема, а преку програмата за антикорупција се создава држава во која виновните се казнуваат, а праведните напредуваат.
Ново на Сител
-   
           Пораки и ветувања од кандидатите спроти изборниот молк утре на полноќ
-   
           Тема на денот со Томе Христовски, кандидат за градоначалник на Крушево од СДСМ
-   
           Вечерва завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Скопје
-   
           Арсовска сепак назначи нов директор на Kомунална хигиена
-   
           Дистрибуиран гласачкиот материјал, во четири општини нема да се гласа
-   
           Меџити не исклучува Села да влезе во Владата, тој пак, тврди дека останува опозиционер
-   
           Капитални проекти, парична помош за пензионери, смарт осветлување се дел од проектите на кандидатите за скопските општини
-   
           Една претставка за изборите стигнала во КЗСД – утре ќе одлучуваат и за случајот со кичевскиот градоначалник Дехари







