Николовски: Недопирливи нема, градиме држава во којa виновните се казнуваат а праведните напредуваат
– Градиме систем кој води ефикасна, севкупна борба против корупцијата, на сите нивоа, во сите сфери, се додека корупцијата не се доведе до степен на неисплатливост, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалнот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски при посетата на граничниот премин Деве Баир.
![]()
Посетата на граничните царинска и полициска служба ја оствари заедно со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески.
–Градиме држава во којa виновните се казнуваат, а праведните напредуваат. Во оваа борба недопирливи нема. При посетата ја потврдивме заедничката заложба за зајакнување на соработката помеѓу сите надлежни антикорупциски институции, заедничко дејствување и здружување на капацитетите во ефикасно сузбивање на корупцијата и криминалот. Тука сме за да работиме во служба на граѓаните и државата. Со навремена и професионална работа и влог на сите инволвирани институции го зајакнуваме системот и ја водиме корупцијата до степен на неисплатливост. Тоа ќе се спроведе преку зајакнување на системот, соодветни кривични постапки, постапки за испитување имотна состојба и конфискација на имотна корист стекната преку кривични дела. Преку контроли и систем на следење до нулта толеранција за секој кој ќе посегне да го наруши правниот систем, рече Николовски.
Според него, недопирливи нема, а преку програмата за антикорупција се создава држава во која виновните се казнуваат, а праведните напредуваат.
Ново на Сител
-

33-годишник се возел со „калашников“ во Арачиново
-

Струмица: Инспектор добил отказ па наместо да го предаде пиштолот го извадил и испукал куршум
-

Уапсено лице од велешко, возел со 2,84 промили алкохол во крвта
-

Единаесет месеци затвор за родителот од „Шкупи“, кој нападна двајца 15-годишни фудбалери на ФК Брегалница
-

ТАВ Македонија: „Виз ер“ ги отвора новите пет линии - Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел
-

Уапсен 25-годишник, со пиштол ограбил две филијали за брзи кредити во Скопје | ФОТО
-

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка
-

По инцидентот во Подгорица, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција
