Николовски: Лидерите на „Отворен Балкан“ ја потврдија заложбата за отворени граници, соработката и меѓусебната поддршка веќе даваат резултати
Лидерите на „Отворен Балкан“ уште еднаш ја потврдија заложбата за отворени граници, слободен проток на стоки, капитал и работна сила меѓу пријателските земји, напиша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил по повод дводневниот Самит што се одржуваше денеска и вчера во Охрид.
Заедничката соработка и меѓусебната поддршка, оцени Николовски, веќе ги даваат првите резултати.
-Тоа е мотив да продолжиме понатаму да ја зацврстуваме оваа иницијатива, отворајќи ги вратите за другите земји од Балканот да се приклучат кон неа, наведува министерот.
Тој нагласува дека иницијативата „Отворен Балкан“ претставува стабилен и развиен регион, кој во сите области го подобрува животот на граѓаните.
-Со оваа иницијатива ги унапредуваме процесите за регионална интеграција и воедно ги надминуваме современите предизвици пред кои моментално сме испpавени. Од убавиот Свети Наум, на маргините од самитот „Отворен Балкан“, испраќаме порака на обединетост. Заедно сплотени сите држави во регионот отвораме нови можности, ја менуваме иднината и шириме пријателство. Нашиот Охрид бил место на многу значајни настани, тука започна и Отворен Балкан, нека биде Охрид местото од каде започнува и проширувањето на оваа иницијатива со Црна Гора и Босна и Херцеговина, подвлекува Николовски.
Самитот „Отворен Балкан“ заврши попладнево, а на него присуствуваа премиерите на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, Димитар Ковачевски, Еди Рама и Дритан Абазовиќ, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи. Лидерите ја испратија пораката дека во интерес на сите граѓани од регионот е соработката за поголем економски развој и остварување на европските интеграции.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“
-
Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски