Македонија
10. February 2023 - 8:09

Николовски ќе ги презентира годишните програми за работа на МЗШВ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, на брифинг со новинари, ќе ги презентира програмите за работа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во 2023 година. 

Во програмите, како што наведува МЗШВ, се предвидени нови мерки за поддршка на земјоделците кои Николовски детално ќе ги образложи. 

Министерот ќе се осврне и на новиот модел за субвенционирање.