-->
-->
Николовски: Има основи да се раскине договорот за концесија за Казандол
-->
- Има правни основи да се раскине договорот за концесија за рудникот Казандол во Валандовско, најави вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Тој во емисија за ТВ 24 посочи дека Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за степеност на изграденост на рудникот Казандол и го задолжи Министерството за економија во наредните седум дена да ја информира Владата за степеност на изграденост, но и за можностите за раскинување на договорот за концесија.
- Констатирани се многу неправилности и има сериозни индиции дека не се исполнети сите услови во договорот за концесија. Сметам дека има правни основи тој да биде раскинат, рече Николовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма