Николова: Нема проекти, нема резултати во општина Аеродром

Поминаа 2 години, половина од мандатот од кога локална власт во Аеродром ја предводат Тимчо Муцунски и ДПМНЕ.
Заклучокот за нивната работа е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати.
Безброј избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти од изборната програма на градоначалникот.
Иако наследи полна општинска каса сепак листата на нереализирани, а ветени проекти на ДПМНЕ и Тимчо Муцунски за Аеродром е многу долга.
Ги нема 4 нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче. Го нема ни долго најавуваниот парк Радост на 6000 метри квадратни. Ги нема ниту новата гимназија, новиот мултифункционален центар со простории за младински центар, новата општинска зграда, како што ги нема и новиот СЦ Пирин и спортската сала во Долно Лисиче. А, ја нема ни кино салата и театарската сцена во Ново Лисиче. Исто така го нема ниту ветениот музеј на МЗТ.
Муцунски вети зголемување на еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари, стипендии за млади таленти, но и тие се само дел од многуте ветени лаги, исто како што е и лагата легализација на сите објекти на територија на општина Аеродром.
Многу ветувања дадени пред изборите, резултати нула!
ДПМНЕ и Муцунски свесно ги лажеа граѓаните на општина Аеродром и ја изневерија нивната доверба пред 2 години.
Тимчо Муцунски и ДПМНЕ ги излажаа аеродромци.
Прес-конференција на Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
