Николов: ВМРО-ДПМНЕ бара покачување на платите на докторите и здравствените работници
Деновиве излезе вистината на виделина.
Здравствените работници наместо ветеното реално покачување на платата, ќе добијат, бонус од 5 проценти, нагласувам 5%. Пред КОВИД, за време на КОВИД кризата ветувањата беа секојдневни. Денес сме сведоци дека било само лага до лага.
За лекар специјалист, ветуваа плата 100 илјади денари основна. За медицинарите кои работат во КОВИД центрите ветуваа, инфективен додаток. За специјализантите ветуваа, платени дежурства и вработување. Ветувањето беше дека од март платата ќе биде покачена за 5%, и нема да биде само еднократен бонус.
Ова денес е уште едно во низата поигрувања со здравствениот кадар со кој и онака кубуриме. Зарем вака, со благодарници од Лекарската комора и неостварени ветувања и лаги му се заблагодарувате на медицинскиот кадар?!
Се сеќавате ли што рековте министре кога завршуваше најсмртоносниот третиот бран од КОВИД-19? Ветувавте покачување на платите на сите вработени во здравството за 5%. И повторно лагите излегоа на виделина. Било додаток, односно бонус.
Со лагите за платите во здравството, покусо не останува ниту премиерот, Зоран Заев.
Тој уште во втората половина на 2020-та година за оваа тековна 2021 вети покачување од 10 проценти на платите на здравствените работници.
Тогаш Заев рече: „Следната година 2021 следува покачување на платите во здравството за 10%“.
Прашуваме, до кога со лаги?!
Вам, не ви е грижа за оние кои на своите плеќи го понесоа товарот на КОВИД кризата. На нив им дадовте ливче во форма на Благодарница во соработка со претседателката на Лекарска комора за која има решение од Антикорупциска за судир на интереси.
Лекарите и оние кои што го чуваат здравјето на граѓаните не бараат премногу. Бараат да бидат еднакво вреднувани и ценети, како оние кои што ја чуваат и делат правдата во земјата. Не ви доликува, за едните бонус од 5% а за другите покачување на платата од 15%. Тоа не ви поминува!
Лекарската комора продолжува да молчи и дели благодарници, синдикатот молчи и обезбедува кредит за своите членови. Навистина е доста од хипокризија!
Прес-конференција на Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
