Македонија
12. March 2023 - 16:38

Николов: Стратешка грешка - Заев и Филипче за модуларните болници платија третина од цената за нов клинички

Раскинувањето на договорот за изградбата на нов Клинички центар е стратешка грешка која ја остави Македонија инфраструктурно неспособна да се справи со пандемијата, вели за Детектор Доктор Игор Николов, Претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

“Се случи стратешка грешка со раскинување на договорот за клинички центар „Мајка Тереза“. Таа стратешка грешка не чини толку колку што кажавте и не знаеме уште колку ќе не чини. Стратешката грешка доведе да имаме ослабната инфраструктура или муниција во борба со пандемијата, затоа што доколку го имавме „Мајка Терзеа“, каков - таков, според тврдењето на СДСМ, немаше да се лечиме во модуларни болници кои чинеа веројатно една третина од тогашната цена на Клиничкиот центар. Дополнително сега цените се покачени за метар квадратен болничка површина. И веројатно утопијата за мегаломански проект градење е вака прилично тешка, затоа што нас во моментот ни требаат основни човечки услови. Поготово ве поканувам да ги посетите чекалните на клиниките за хирургија.“ – вели Николов.