Николов ја извади пресметката од својата плата пред Филипче - 100.000 денари за докторите е далеку од реалноста
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Игор Николов ја извади пресметката од својата плата пред министерот за здравство Венко Филипче за време на нивниот дуел во емисијата Детектор на Сител.
Николов го обвини Филипче дека владата не го реализирала ветувањето за 100.000 денари плата за специјалистите коментирајќи дека оваа бројка се уште е далеку од реалноста.
Филипче вели дека платата е зголемена во три наврати.
„Основната плата е зголемена во три наврати. Зголемена е минатата година во септември, зголемена е на почетокот на оваа година во јануари и се зголемува во февруари следната година. Дежурствата се зголемија во 2018 година на средината. 100.000 денари плата е сега реалност. На Хируршките клиники.“ – вели Филипче.
„Еве ви ја министре мојата палта, доктор, доцент, доктор на науки, магистер, со сите салтанати и со 5 дежурства во месецот, 70.000 денари. “ – вели Николов
Ново на Сител
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска