-->
-->
Николов: Израел е наша пресвртница
-->

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојниот натпревар против Израел во квалификациите за СП 2018.
Репрезентативецот Бобан Николов вели дека доколку сите во тимот го дадат максимумот нема причина за стравување.
- Очекувам да одиграме одличен натпревар против Израел, противник кој едноставно ни е „должник“ откако со многу среќа славеа на првиот натпревар во Скопје. Се обидувам да се наметнам со многу работа на тренинзите, впрочем како што и сите останати, а на селекторот е одлуката кој ќе игра. Работиме добро, се фокусираме на нашата игра и начинот на кој ние ќе се спротивставиме во Хаифа. Ако сите го дадеме максимумот нема причина да стравуваме, напротив, мислам дека ќе бидеме близу до посакуваното. Овие два меча против Израел и Албанија нека бидат пресвртница за нас во позитивна смисла. Ако некој тоа го посакува и заслужува тоа сме ние во тимот, изјави Бобан Николов, за сајтот на ФФМ.
Македонската експедиција утре заминува за Израел, а дуелот е закажан за в сабота (2 септември).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Енрике: Целта на ПСЖ е директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите
-

Филипче: Поготвени сме за избори во кое било време
-

Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

Оклахома поуспешна од Њу Орлеанс, Денвер загуби од Детроит
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија
-

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен
-

Осумнаесет натпревари од ЛШ во една вечер
-

Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед?
