Николоски: Заев се обидува да ги одложи изборите

Денешната изјава на Заев со повторен обид за одлагање на изборите е уште еден доказ дека знае дека народот не го сака и ќе биде убедливо поразен!
Кога Заев виде дека не може да му помине закон за јавно обвинителство за да се спаси од одговорност сега се обидува да одложи избори. Со една реченица власта на Заев му треба за да избегне одговорност за криминалот и корупцијата.
Фактите говорат дека цело време бега од избори, прво беше протоколот за членство во НАТО, па некаква група закони која 3 години не ја донесе и баш сега му текна да ги носи, па го оспоруваше изборот на Министер во МВР, сега ова со Законот за ЈО со кој бара да се направи модел во кој тој ќе биде амнестиран од одговорност за криминал.
И да помине ова ќе измисли нешто друго. Едноставно е Заев бега од избори зашто знае дека ќе биде поразен, а потоа следува одговорност и за предавствата и за криминалот
За ова денес ќе ги информирам челниците на ЕУ и Европската Народна Партија во Брисел. Мора да се почитуваат договорите. Тоа е демократија, се друго е диктатура. Избори на 12ти април мора да има и ќе има!
Став на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во однос на изјавата на Зоран Заев за одложување на изборите
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
