Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада. Запрашан дали се вистинити пишувањата за кампови во земјава за мигрантите кои се одбиени за азил во Британија, Николоски посочи дека нашите услови за Договорот се одамна дефинирани и преговорите се завршени.
Според него, во договорот нема таква одредба за такви мигрантски кампови.
- Најдобриот одговор го даде амбасадорот на Велика Британија дека нема таква работа. Секако дека со земјата ќе соработуваме во борбата против криминалот и корупцијата и борбата против миграцијата. Нема ништо друго освен ист договор како со Фронтекс. Кредибилитетот на британскиот амбасадор не смее никој да го спори, рече вицепремиерот во вестите на Тв Сител.
- Најдобар демант за оваа тема се месеците и годините што доаѓаат пред нас, додаде Николоски.
Британскиот амбасадор Метју Лосон на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата, ги демантираше тврдењата дека договорот подразбира прифаќање мигранти од Британија.
- Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но таа се однесува на полициската координација меѓу агенциите. Тоа го правиме и со повеќе европски земји. Не станува збор за тоа дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Британија, истакна Лосон.
Тој додаде дека договорот предвидува интензивна соработка во справувањето со организирани мигрантски групи, размена на доверливи информации и зајакната координација на безбедносните служби.
Ново на Сител
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот