Николоски: Следната недела стартува Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за укинување на штетниот закон за попис
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Николоски вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија истакна дека од следната недела ќе стартува Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на граѓански потписи за укинување на штетниот закон за попис, во која очекува да се потпишат 100.000 грашани за да може да се делува во насока на укинување на овој закон.
Иако претседателот Стево Пендаровски го потпиша законот за попис, единствено што останува како легална битка на ВМРО-ДПМНЕ е да ги повика граѓаните и да го повика македонскиот народ и сите кои живеат во Македонија е да отидат во подрачните единици на Министерството за правда и да се потпишат на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на овој штетен закон за попис, повика Николоски.
Тој истакна дека правната процедура за истото е веќе почната овие денови и ќе биде дополнително објавен датумот од кога ќе почнат да се собираат потписите, рокот е 30 дена, очекува дека веќе од следната недела ќе се знае точно од кој ден ќе може граѓаните да појдат и да се потпишат со својата лична карта на оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се соберат доволно потписи за да може се делува на укинување на овој закон.
Минималната бројка е 10.000 потписи, но очекувам да одиме со бројка од 100.000 граѓани да се потпишат за укинување на законот за попис и на тој начин овој штетен закон кој има за цел нереален и штетен попис да биде укинат, појасни Николоски.
Николоски вели дека оваа власт секако ќе си замине, но со собирањето на што поголем број на потписи за укинување на овој закон на пратениците од владеачкото мнозинство нема да им биде сеедно доколку видат поголем број на потпишани граѓани за укинување на овој закон.
Во однос на заминувањето на оваа власт, не е прашање дали, прашање е само кога и на каков начин истото ќе се случи, вели Николоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кривична против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари
-
БиХ: МНР бара од Додик да го врати дипломатскиот пасош
-
Спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови на ГП „Богородица“
-
Полска: Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата со Украина
-
Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“
-
„Јасен“ се уште гори, се работи на нов противпожарен појас за локализирање на пожарот
-
САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира
-
Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат