Николоски: Пасоши има за криминалци и нарко босови, но не и за обичниот македонски граѓанин
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски по денешната посета на Општина Гази Баба на новинарско прашање зошто нема обрасци за лични документи и зошто граѓаните не можат да дојдат до пасоши, лични карти, возачки истакна дека ситуацијата е таква бидејќи Владата е неспособна и корумпирана. Тој посочи дека образци има за криминалци и за луѓе со сомнително досие, но не и за обичните граѓани на Македонија.
-Во се се обидуваат да најдат личен интерес и затоа доцнат процесите. Пасоши нема за македонските граѓани, ама има за најголемите светски нарко босови и криминалци. Обичен човек не може да извади пасош ама Седат Пекер извади македонски пасош, рече Николоски.
На тоа дно е донесена државата изјави Николоски да родителите треба да плаќаат за печатење на свидетелствата на нивните деца.
-Родителите ќе си платат за свидетелствата на децата од една страна, а од друга страна оваа влада говори за некои големи проекти, за дигитализации, таблети, компјутери и така натака. Во услови кога едно обично свидетелство не можат да издадат на децата тие најавуваат дигитализација. Што ја покажува целосната неспособност и корумпираност на оваа Влада, изјави за медиумите Николоски.
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува