Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување

Владата планира изградба на нови експресни патишта со цел поквалитетно регионално поврзување - најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Николоски во поткастот на ТВ „Сител“ вели дека плановите опфаќаат изградба на нов експресен пат од Кочани до границата со Бугарија, нов експресен пат од Радовиш до Струмица и нова врска на Коридорот 10 со Коридорот Струма преку изградба на експресен пат од Смоквица преку Струмица до границата со Бугарија.
За делницата од Куманово до Страцин, Николоски информира дека веќе се работи на заеднички постапки со Европската Унија, со што ќе се заокружи поврзувањето со делот од Страцин до Крива Паланка, кој беше пуштен во сообраќај минатата година.
- Сега, во соработка со ЕУ, треба да го изградиме делот од Куманово до Страцин. Експресните патишта ќе бидат поинакви од досегашните што ги изградивме. Сменивме и закон и правилник и сега ќе личат, на пример, на автопатот Тетово - Гостивар, каде што ќе имаат две плус две летни со ограда на средината, ама оградата нема да биде бетонска, туку класична еластична ограда, таков е потегот на Дреново - Фариш, таму имаме две плус две ленто и со еластична ограда на средината - истакна вицепремиерот Николоски.
Тој додаде дека на Влада ги поминале основните документи за експресен пат од Кочани до границата со Бугарија.
- Клучен проект за мене е експресен пат од Радовиш до Струмица и уште еден експресен пат од Смоквица преку Струмица до границата со Бугарија и Петрич од другата страна - нагласи Николоски.
Во однос на автопатиштата на Коридорот 8 и Коридорот 10 д, вицепремиерот посочи дека работите се одвиваат со потребната динамика и дека проектите, со добро планирање и менаџирање, ќе бидат реализирани во предвидените рокови.
МИА
Ново на Сител
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-

Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен
-

Во Берово утрово измерени - 4 степени
-

На изборите во Летонија победи коалицијата предводена од премиерот Кулбергс, според над 96 отсто обработени гласови
-

Во БИХ се одржуваат општи избори
