Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека навозможни се условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ да влезе на македонскиот пазар. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата.
-Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот аеродром, што се едни од повисоките субвенции што би можеле да ги најдете на пазарот и не случајно 28 нови дестинации се отворени за помалку од две години откако е избрана оваа влада - рече Николоски.
Како што кажа, барањето на „Рајан ер“ е 25 евра субвенција по седиште, што е повеќе од 2,5 пати за скопскиот аеродром, приоритетно да се опслужуваат нивните аеродроми, да не се користат никакви услуги на скопскиот и охридскиот аеродром, а компанијата има дури и сопствени скали во авионите.
-Барањето е да ги откажеме и дел од дестинациите кои што ги имаме - рече Николоски, кој беше на настан за отворање на градски пазар во Виница.
Ново на Сител
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
