-->
-->
Николоски: Ќе спроведеме перфектни избори за доброто на Македонија
-->
Пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на седницата за избор на влада која ќе ги организира изборите на 24 април ги повика сите кои и мислат добро на државата во следниот период да работат заедно кон создавање на перфектни услови за организација на изборите.
-И изборите досега биле оценети од сите релевантни меѓународни институции како фер и демократски, исти и подобри треба да бидат изборите кои следуваат. Нашата поддршка е целосна кон работењето на ДИК и на сите институции поврзани со организацијата на изборите, рече Николоски.
Тој е уверен дека техничкиот премиер Емил Димитриев ќе даде се од себе за изборите да минат совршено, а воедно ги повика и пратениците од СДСМ заеднички да работат во овој процес.
-За нас гласале граѓани исто како и за нив. Ние ги претставуваме граѓаните со еднаков глас и сила. Секогаш некој е мнозинство, некој е опозиција, но работата мора да биде заедничка. Се надевам дека добрата мисла која ја имаме за Македонија ќе ја има од сите страни, додаде Николоски.
Тој потсети дека на 24 април последна ќе е одлуката на народот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета