Николоски: Ќе набавиме најмалку пет нови електрични локомотиви

Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви, модернизирање на Македонски Железници со кои ќе можеме да го оплужиме целиот карго превоз во земјава, истакна на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
-Во соработка со Европската банка за обнова и развој, обезбедивме средства во висина од речиси 21 милион евра со кои треба да купиме најмалку 5 нови електрични локомотиви. Знаете дека минатата година кога беше формирана оваа Влада, имавме за жал нула активни локомотиви, а сега имаме 11, од кои што 4 се понови, а 7 постари. Со 9 локомотиви кои би биле електрични, ќе можеме целокупниот карго превоз да го опслужиме, се надевам веќе од 2028 година, затоа што рок на испорака на овие локомотиви е во 2 години, а она што го имаме најава од ЕБОР е дека март месец следната година веќе ќе можеме да го видиме повикот објавен, истакна од собраниската говорница вицепремиерот Николоски.
Николоски, исто така, информираше за уште една новина, а тоа е потпишување на договор помеѓу Железници Транспорт и железници на Австрија, соработка која, како што нагласи, ќе донесе огромен финансиски бенефит за МЖ Транспорт.
-Македонски железници-транспорт и Желзници Австрија се пред потпишување на договор со кој наши локомотиви ќе се користат за карго превоз кој што треба да оди од Пиреа, Атина до Виена. Тоа го договоривме со претставниците на Владата на Австрија, а сега веќе комуницираат двајцата директори, додаде Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот
-

Црногорската полиција разби мрежа на проруски платеници, уапсен државјанин на БиХ со 1,5 милион евра
-

Парното греење поскапува 1 декември, сметките повисоки за околу 130 денари
-

УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации
-

Мицкоски: Нема да има ценовен шок за домаќинствата, Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата
-

Три лица приведени поради закани кон кавадарчанец и член на неговото семејство
-

Помалиот син на премиерот е во добра здравствена состојба по труењето во ОУ „Димо Хаџи Димов“
-

Во октомври годишен раст на каматната стапка кај депозитите и пад кај кредитите
