Николоски: Голем раст во градежништвото, транспортот и складирањето

Бруто домашниот производ порасна за 3.4 отсто во април, мај и јуни. Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7.3 отсто, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
- Премиерот Христијан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија - во месеците април, мај и јуни бруто домашниот производ порасна за 3.4% . Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7.3%, уште посилен раст од тој во првиот квартал од 7.1%, додека секторот транспорт и складирање порасна за 6.0%, пишува тој на својот Фејсбук профил.
Со засилената активност во делот на изградба на патишта, инвестиции во железници и проекти од локално значење, додава Николоски, растот во третиот квартал ќе биде уште посилен благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт.
МИА
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
