Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на министерскиот самит во Солун оствари билатерална средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Косово, Димал Баша.
Како што стои во соопштението на Министерството, на средбата било разговарано за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и за реализацијата на заеднички регионални инфраструктурни проекти од стратешко значење.
На средбата било оценето дека Македонија и Косово имаат одлични билатерални односи и значителен потенцијал за натамошно зголемување на соработката, особено во областа на транспортната инфраструктура, која претставува основа за економски развој, зголемена трговска размена и подобра поврзаност на регионот.
Николоски посочил дека Владата е целосно посветена на реализација на капиталните инфраструктурни инвестиции, при што стави посебен акцент на изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце.
- Овој проект претставува најзначајната патна врска меѓу Македонија и Косово кој ќе придонесе за побрз, побезбеден и поефикасен патен транспорт, ќе ја подобри мобилноста на граѓаните и стопанството и дополнително ќе ја зајакне регионалната соработка - нагласил Николоски.
Соговорниците се согласиле дека подобрата транспортна инфраструктура ќе овозможи поинтензивна економска активност, полесен проток на луѓе и стоки и ќе создаде нови можности за инвестиции и развој на бизнис-заедницата од двете земји.
На средбата, исто така, било потенцирано дека Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, а реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти ќе придонесе за понатамошно зголемување на трговската размена, подобрување на конкурентноста на регионот и создавање услови за одржлив економски раст.
Двете страни ја потврдиле својата подготвеност за интензивирање на институционалната соработка и продолжување на заедничките активности со цел побрза реализација на проектите што се од заемен интерес и кои ќе донесат долгорочни придобивки за граѓаните и економиите на двете земји.
МИА
Ново на Сител
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
