Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.
Интенизивно се гради автопатот Прилеп - Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна Николоски, кој вечерва присуствуваше на настанот „100 дена локална власт” во организација на општина Прилеп.
-Автопатот Прилеп - Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени и првите километри асфалт. Второ, градоначалникот амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што е ветувано децении наназад. Тој е прв што е решен да прави ваква програма и еве да дадам ветување дека ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проект и овој проект ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат. И трето, во интензивни преговори сме, мислам дека во следните месец до месец и пол ќе видите и активности во Собранието, за она што го ветив, а тоа е од Фариш до Прилеп исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп од двете страни би бил поврзан со автопат, изјави Николоски.
На одбележувањето на настанот „100 дена локална власт“ во Прилеп, вицепремиерот истака дека Владата овозможува сериозна подршка за општината и градоначалникот Проданоски, во насока на економски и инфраструктурен развој на градот.
-Сакам да му честитам на градоначалникот за успешната работа во овие 100 дена. Таа работа се гледа во сите делови од градот, 100 дена е навистина краток период но може да се види каде ќе се развива општината во следниве четири години и убeден сум дека ова ќе е исклучително успешен мандат. Ние како Влада ќе продолжиме со подршката која што ја дававме во изминатиот период, дали се работи за средства кои директно се префрлаат од буџетот кон општината за да може да реализира инфраструктурни проекти, дали се работи за подршка на стопанството или земјоделието, сето она што сме го ветиле на најдобар можен начин ќе се обидеме да го реализираме, изјави вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава
-

Состанок на Г7 за ситуацијата на Блискиот Исток
-

Арагчи: Иранскиот народ, а не Доналд Трамп, ќе го избере новиот врховен лидер на Иран
-

Трамп: Новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД инаку „нема да трае долго“
-

Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 на турскиот дел од Кипар
-

Нападите на Иран врз соседните земји се „огромна стратешка грешка“ - смета генералниот секретар на Арапска лига.
-

Три лица приведени, а две повикани на службен разговор - ги малтретирале сопругите, партнерките, ќерките и снаите
-

Ова е момент кога мора да направиме разлика со опозицијата, работиме на 17 инвестиции и нови 5.000 работни места, вели Мицкоски
