Николиќ и Вучиќ утре ќе разговараат за референдумот во РС со лидерите на Србите во БиХ
Претседателот на Србија Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ ќе се состанат утре со претставниците на Србите во Босна и Херцеговина и заедно со нив ќе го разгледаат повикот на Советот за спроведување на мир во БиХ (ПИК) за властите во Република Српска да се откажат од референдумот на 25 септември, што претставува еден од заклучоците за итниот состанок на државниот врв во Претставништвото на Србија.
- Претседателот на Србија Томислав Николиќ го повика синоќа премиерот Александар Вучиќ по повод ситуацијата во регионот, односно случувањата во БиХ кои се одразуваат на целиот регион. На состанокот се приклучија и други личности. Детално ја анализиравме ситуацијата, безбедносната ситуација и стабилноста на Србија, истакна српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
- Србија ќе преземе, и веќе презема мерки со цел да ги заштити нејзините државни интереси и да ја одржи стабилноста и безбедноста во регионот. Граѓаните можат да бидат спокојни, виталните интереси нема да бидат загрозени. Утре претседателот Николиќ и премиерот Вучиќ ќе се состанат со претставниците на Србите во БиХ. Во секој случај ние сме заинтересирани да ја зачуваме стабилноста и безбедноста во регионот, додаде Дачиќ.
На состанокот кој го закажа претседателот Николиќ, покрај премиерот Вучиќ и министерот Дачиќ, присуствуваа и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и министерката за правда Нела Кубаровиќ.
ПИК денеска ги повика властите на Република Српска да не се одржи референдумот за Денот на Република Српска и порача дека нема да толелира какво било прекршување на Дејтонскиот договор, вклучително и обид за отцепување.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство