Николиќ: Грција и Србија не се виновни за бегалската криза
Грција и Србија не се одговорни за бегалската криза, но се соочуваат со последиците од тој проблем, изјави синоќа на Крф српскиот претседател Томислав Николиќ.
Тој во изјава за грчката агенција АНА-МПА истакна дека кога бегалската криза ја погодила Европа, шефовите на државите го промениле ставот кога увиделе дека тоа влијае врз нивната популарност.
- Кога проблемот се појави во Европа и кога некои луѓе видоа дека нивната популарност се намалува, тогаш Европа одлучи тоа прашање да се реши поинаку, додаде Николиќ.
Тој изрази надеж дека бегалското прашање ќе биде решено на подобар начин и дека Европската унија ќе и помогне на Грција.
Претседателот на Србија престојува на Крф по повод одбележувањето на стогодишнината од евакуацијата на српски војници на овој остров и на островот Видо.
Ново на Сител
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА
-
Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија
-
Уставниот суд поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители