Никола Саркози обвинет за илегално финансирање
Поранешниот фрацуски претседател и актуелен лидер на опозициската партија Републиканци, Никола Саркози е обвинет за илегално финансирање на својата изборна кампања за претседатеоските избори во 2012 година, дело за кое е превдидена парична казна од 3.750 евра и една година затвор,
Како што јави дописникот на МИА од Париз, вчерашниот ден Саркози го мина на распит кај истражни судии, кои по двегодишна истрага му забележуваат дека го надминал дозволениот праг за финансирање на претседателската изборна кампања, кој во Франција е ограничен на 22,5 милиони евра.
Завршната сметка од изборната кампања на Саркози беше отфрлена од Комисијата за проверка на финансирањето на изборите, одлука која птоа ја потврди и Уставниот совет. Сметката беше отфрлена, бидејќи се покажало дека Саркози потршил нешто повеќе од 1,5 милиони евра од дозволеното.
Но, француските медиуми објавуваат дека поранешниот француски претседател всушност потрошил речиси двојно повеќе од дозволеното, односно дека тој го надминал прагот за финансирање на изборната кампања за сума која се движи од 18 до 30 милиони евра.
Одлуката на судиите да покренат обвинение против Саркози, доаѓа во многу лош момент за него, кога тој се подготвуваше да ја истакне својата кандидатура за претседател на Франција, откако неговата книга за неколку недел се продаде во 100 000 примероци, а и разликата со неговиот главен ривал во партијата Алан Жипе започна да се топи.
Ново на Сител
-
Украинска армија: Уништени повеќе од десет руски дронови кои во текот на ноќта го нападнаа Киев
-
Претседателски избори во Романија
-
Ведро и многу студено
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал