Никола Маџиров автор-гостин во Париз

Поетот Никола Маџиров, кој е избран за лауреат од областа на книжевноста на градот Париз и Францускиот институт во Париз за 2016 година, на 5 јануари ќе замине во француската престолнина, каде од овој месец до почетокот на април ќе престојува како автор-гостин во Центарот за уметници „Реколет”.
Жирито составено од експерти секоја година селектира четири до пет современи писатели и освен Маџиров, селектирани се и прозаисти и поети од САД, Ирска, Белорусија…Меѓу авторите-гости на градот Париз бил и венцоносецот на Струшките вечери на поезијата, Томаж Шаламун.
Тој за МИА истакна дека во Париз ќе работи на новиот ракопис кој, како што рече, го привршува со бавност на археолог кој составува испокршена ќерамичка ламба.
- Сигурен сум дека зимата ќе го отвори Париз пред мене како енциклопедија на вратената живост, по трагедијата која го промени светот во нас. По Париз, следува годишниот престој во Берлин, патувања во Лос Анџелес и други градови во САД и Германија, патувања во Јамајка, Романија, Малезија, Велика Британија...Меѓу просторите, за жал, речиси никогаш не се спомнуваат, а тие се суштинските места на творење. На истиот начин, трошната врата од ателјето на уметникот историски е многу погласна, отколку кодираните врати на галериите, додаде Маџиров.
Поезијата на Маџиров е објавена во неколку француски списанија за литература. Тој во Франција ја доби меѓународната награда „Левир Литерер”, а „Европската асоцијација на книжевници“ со седиште во Париз, го избра за член на европското книжевно жири за 2015 година.
Ново на Сител
-

Мерц: Трамп ме увери дека американската армија ќе остане во Германија
-

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, на Попова Шапка 74 сантиметри снег
-

Од Министерството за односи меѓу заедниците исчезнати 30 лаптопи, точено гориво без контрола, исплаќани плати без доказ за присуство
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
-

Американската војска соопшти дека погодила речиси 2.000 цели во Иран
-

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
-

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование
