Балкан
13. February 2017 - 11:45

Никој немал сила да и соопшти: Повредената мајка цела ноќ го довикувала мртвото дете

Страотната трагедија која во саботата го погоди семејството Самаиловиќ ја зави во црно целата населба Супња кај Рашка, која денеска кон вечното почивалиште треба да го испрати осумгодишниот Лазар.

Детето, загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи завчера на Ибарската магистрала, кога автомобилот во кој бил со мајката Тања (38) директно се судрил со камион. Несреќната жена поради тешките повреди е префрлена во клиничкиот центар во Крагуевац каде ја очекуваат неколку операции.

Куќа на жалост

Роднините на Самаиловиќ вчера ги прераскажуваат страшните сцени од болница, каде несреќната мајка, цела ноќ го довикувал мртвиот син. Никој од роднините, но и од лекарите немал сила да и соопшти дека Лазар настрадал.

Šok i neverica... Rođaci i komšije ispred kuće Samailovića

Куќата на Самаиловиќ вчера беше во тешка жалост, доаѓаа роднини, соседи и пријатели да изразат сочуство.

-Не можеме да веруваме дека се случи ваква трагедија. Тешко ни е од помислата дека малиот Лазар го нема повеќе, дека нема повеќе да го гледаме како со ранчето поминува низ улицата, велат соседите.

Тага за роденденот

Тие велат дека несреќата се случила во моментот кога Тања и Лазар со автомобил се враќале дома од Чачак каде биле во посета на роднини. Под неразјаснети околности „пежото“ во кое биле тие двајца се судрило со камион кој доаѓал од правец на Рашка. Тешко повреденото дете и неговата мака итно се префрлени во болница во Краљево, каде лекарите 45 минути се обидувале да го реанимираат детето.

-Мажот на Тања Милован беше во Рашка со двјцата помлади синови и со нетрпение ги чекаа да се вратат Тања и Лазар. Во посета на роднините беа три дена, а се враќаа пред семејната прослава. На помалиот син денеска требаше да му слават роденден, а сега ги погоди страотна трагедија. Тоа се прекрасни и вредни луѓе. Не заслужија ова да им се случи, велат соседите.