Никој нема да биде поштеден и за Ласкарци и за Беса Транс и за модуларната болница во Тетово, порача Мицкоски

Откако по трагедијата во Кочани, претседателот на Владата Христијан Мицкоски најави дека ќе се отворат и претходни случаи за да се најде одговор за тоа како се изгубиле човечки животи, денес од Тетово сподели дека за тоа зборувал и со претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Одговарајќи на новинарско прашање дали двајцата зборувале „за вистинска одговорност за модуларната болница“, Мицкоски рече апсолутно.
Владата функционира обединето и единствено. Мнозинството е стабилно и има чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Прашан за инф
- Апсолутно се разговара за сите оние случаи. И за Ласкарци и за Беса Транс и за модуларната болница во Тетово и од оние информации коишто ги имам се работи веќе. Така што да почекаме да излезат информациите во јавност, па ги да ги коментираме. Никој нема да биде поштеден. Јас тоа ви го гарантира, одговори Мицоски.
Во едно телевизиско интервју Мицкоски го постави прашањето зошто во модуларната болница е променето министерството од едно во друго кога е правена јавната набавка, како и прашањето зошто кабелот е виновен, кој го направил проектот и дали можеби недостасуваат некои елементи.
Премиерот Мицкоски и повеќе функционери во Тетово направија увид во изградбата на нов дел од продолжувањето на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
