Никој не знаеше дека ова и е последна фотографија: Братот на телохранителот на Бред Пит и даде на ќеркичката (8) пица па ја искасапи! | Сител Телевизија
Живот
22. January 2018 - 14:16

Никој не знаеше дека ова и е последна фотографија: Братот на телохранителот на Бред Пит и даде на ќеркичката (8) пица па ја искасапи!

Страшна семејна трагедија се случила во Западен Мидленс во Англија.

Бил Билингам (54) ја избодел ќеркичката Мајли (8) до смрт, а потоа и самиот е префрлен во болница со убодна рана во стомакот.

Откако му е санирана повредата тој е уапсен, а полицијата истражува како е повреден.

Сведоците раскажуваат дека ја слушнале мајката на Мајли, Трејси Тондри како вреска: „Го избоде моето бебе“. Мајката која живее во близината на куќата каде се случило злосторството ја пронашла ќерка си во локва крв. Жената избезумена излетала на улица и молела за помош.

Мотивите за злосторството не се познати. Имено, таткото на само еден час пред крвавкиот при на својот Фејсбук профил поставил фотографија од ќеркичката како јаде пица во кревет, а ден претходно го сликал насмеано целото семејство.

Британските медиуми пишуваат дека братот на Бил, Марк бил една од ѕвездите на емисијата „Специјална воздушна служба: Кој рескира тој и профитира“ на Канал 4 и работел како приватно обезбедување за Бред Пит, Анџелина Џоли и Том Круз.

Единствено што засега се знае е дека се разделил од мајката, но дека останеле во добри односи и дека бил горд на својот брат. Често на својот Фејсбук профил објавувал негови слики и интервјуа. Шокираните соседи велат дека куќата во која живеела малечката Мајли бил проклета.

-Девојката која тука живееше претходно изврши самоубиство, рече соседот.

Пред куќата, во снегот е оставено цвеќе со порака „Почивај во мир, мал ангелу“.