-->
-->
Никој не знае зошто: Милош го болел грбот, отишол на лекар и се разбудил со огромен рез!
-->

Жител од Белград, Милош се соочил со еден од најтешките моменти во животот, а притоа немал поим што се случува. Прво почувствувал болки во грбот, но се надевал дека брзо ќе му поминат. Меѓутоа болките биле се посилни, следувало повраќање, а на крајот завршил во болница. Се разбудил со огромен рез на грбот!
Доколку задоцнел неколку часа, Милош не би бил сега меѓу живите.
- Почувствував неверојатна болка во грбот. мислев дека лошо сум спиел и дека ми е од тоа. Меѓутоа болките беа се почести, па морав да повикам Брза помош. Кога стигнав во болница, докторите открија дека едниот бубрег не ми работи, па мораа да го отстранат. Дури кога ме оперираа, видоа дека бубрегот целосно се распаднал, - изјавил Милош, кој сега се опоравува.
Инаку, загриженоста во целата ситуација е тоа што никој од докторите не знае што се случило.
- Пред шест месеци направив детални анализи, на крвната слика и на рендген снимката ништо не се виде. Тоа ме загрижува, - изјавил Милош.
Во продолжение погледнете како изгледал бубрегот на Милош...

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ен-Би-Си: Иран пред нападот го предупредил Трамп дека ќе ги активира терористичките скриени ќелии во САД
-
ДОМ: Ја напуштаме коалицијата со СДСМ
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата