Loading Video...
Македонија
19. јуни 2021 - 16:39

Никој не разговарал со ФФМ за промена на името

Фудбалската Федерација на Македонија во моментов е целосно фокусирана на Европското првенство и воопшто не сака да троши енергија на прашања кои не се директно поврзани со фудбалот и играта на репрезентацијата. Ова во краток разговор за Сител веднаш по пристигнувањето во Амстердам го изјави портапролот на федерацијата. Тој вели дека за прашањето поврзано со името до овој момент воопшто никој не ја контактирал федерација и не разговарал со неа.
Грчките медиуми вчера пренесоа дека премиерот Заев и ветил на Грција дека ќе и го смени името на Фудбалската Федерација на Македонија иако тоа не е обврска која произлегува од преспанскиот договор.Во изјавата  Заев вели дека веќе ја стартувал постапката и дека прашањето ќе се реши во наредниот период.

Цела Европа знае дека нашата фудбалска репрезентација ја претставува Северна Македонија на шампионатот. Иако федерацијата не е државна установа, националнот тим е како секаде во светот. Затоа треба да биде јасно на сите нивоа дека тоа е националниот тим на Северна Македонија, без разлика на иницијалите на федерацијата на дресот“, изјавил Заев во писмена изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Ваквиот став на премиерот е комплетно спротивен на она што уште минатата недела го изјави Министерот за надворешни работи на прес конфернеција.

Денеска повторно побаравме информација од МНР за да провериме дали Министерот Османи го сменил ставот но до овој момент не добивме одговор на нашите прашања.

Грчкиот министер за спорт ова прашање го отвори уште на стартот на европското првенство но УЕФА му објасни дека во официјалната комуникација на земјава и се обраќа со Северна Македонија иако федерацијата пријавила дека на дресовите ќе игра со кратенката ФФМ бидејќи го нема променето името согласно преспанскиот договор.

Во Македонија освен кошаркарската и пливачката федерација речи си ниту една друга спортска куќа не го менува своето име според преспанскиот договор.