-->
-->
Никој не ја преживеа авионската несреќа во Белгородската Област
-->
Ниту едно лице не ја преживеа денешната авионска несреќа во руската погранична област Белгород, соопштија локалните власти.
Авионот превезуваше 65 украински заробеници, шест члена на екипажот и тројца придружници.
– Загинаа сите кои беа во авионот, објави гувернерот на Белгородската Област на Телеграм.
Рускиот воен транспортен авион Ил-76 со 65 украински воени заробеници, шест членови на екипажот и тројца придружници се урна денеска во областа Белгород, на околу 50 километри од границата со Украина, соопшти претходно руското Министерство за одбрана.
Русија ја обвинија Украина за соборувањето на авионот. Според руските власти, авионот превезувал украински воени заробеници во таа погранична област, за претстојната размена на заробеници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
-
Владата ќе субвенционира филтри за оџаци
-
Поврзаноста на парацетамолот и аутизмот не е научно заснована, реагира лекарската фела по изјавата на Трамп
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници