Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам - Вучиќ за посетата на делегација на ЕП

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека делегацијата на Европскот парламент не е повикана од никого во државата и тој нема да се има средба со нив, но никого не избегнува.
Вучиќ, кој е во Абу Даби за Неделата на одржливост, вели дека „мразителите на Србија рекле дека на 20-и-некој јануари ќе дојдат во Белград“.
-Тие никого не прашаа, ниту не информираа. Никој не ги покани и тие доаѓаат непоканети. Тие самите одлучија да дојдат тогаш, а јас имам закажано разговори во Давос во тој период од пред пет месеци. Велат дека ја избегнувам средбата. Не ја избегнувам, не ми паѓа на памет да губам време и да се сретнам со Пицула. Имам време да се сретнам со оние кои посакуваат добро за Србија, но не сакам да ги видам овие и не сакам да разговарам со нив – рече тој.
Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, вчера изјави дека делегацијата на Европскиот парламент доаѓа без покана и дека нема да се сретне со нив бидејќи ќе бидат во посета на Естонија.
Делегацијата на ЕП ќе биде во Белград од 22 до 24 јануари.
МИА
Ново на Сител
-

Кривични пријави за 6 лица од стоматолошката комора - заработиле половина милион евра со злоупотреби на лиценци
-

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
-

Земјоделците ја поздравуваат мерката за поевтини ѓубрива, но бараат и засилен надзор од инспекциските служби
-

Преглед на вестите од светот
-

Се укинува Пржинската влада
