-->
-->
Никогаш не евидентирано - Ова е првиот септември во кој се измерени 40 стпени
-->
Температурите измерени во Македонија во септември годинава биле од еден до четири степени над просечните, а количината на врнежи била поголема за два пати од вообичаеното за овој период.
Информацијата за температурите на воздухот и за количината на врнежи е изготвена според мерењата и податоците од главните метеоролошки станици на метеоролошкиот набљудувачки систем за периодот од 1951 до септември 2015 година.
Минатиот месец, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, се одликувал со значително високи температури. Измерените максимални температури ги достигнале апсолутните вредности на петти и 18 септември. Тогаш се измерени 38,4 степени во Скопје, 38,7 во Гевгелија и 39,7 во Демир Капија. Во Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Скопје и Штип биле измерени највисоки септемвриски температури од 1951 година до денес.
Количеството на врнежи, пак, во септември било во граници од 58 до 183 милиметри, што е за два пати повеќе од просечното на речиси сите мерни места. Во Демир Капија и Прилеп наврнал дожд за три пати повеќе, а во Гевгелија за четири пати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање