Никаде без маска до наредната пролет, апелира српскиот епидемиолог Кон
Носењето маски не е прашање на ‘сакам- не сакам’, туку обврска што ќе трае многу долго – до пролет наредната година, – изјави епидемиологот Предраг Кон за белградските медиуми.
Според него, вирусот јасно ни порача дека нема сезона и дека високите температури не ја спречуваат неговата активност.
Убеден сум дека неговата моќ да се шири е иста како и на почетокот на епидемијата. Единствената разлика е во тоа што сега имаме многу поголем број тестирани, а до вчера немавме никакви ограничувања на собирите, туку само стручни совети за потребната заштита. Затоа е многу важно да се навикнеме да носиме маски, не само во наредните 15 дена, сè додека се воведени обврзувачки мерки, туку многу подолго од тоа, за да бидеме подготвени за есен. Убеден сум дека процентот сега е околу 10 отсто, вели д-р Кон.
Д-р Кон истакнува дека веројатноста за ширење на вирусот се сведува на само еден процент доколку сите граѓани носат маски:
Кога поединец носи маска во околина каде другите ја немаат, тој е заштитен со само 30 проценти. Затоа, ако се почитуваат новите мерки, останува само теоретска можност за зголемување на бројот на пациенти, додава епидемиологот.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти
-
СДСМ бара оставка од министерката за образование поради недостатокот на учебници
-
Ноќеска тишина го обви Штип - „Ѕвездено небо“ за загинатите во Кочани
-
Збогум Буково - Приоритет заштита на животната средина
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто се скапи земјоделските производи? Кој заработува на грбот на земјоделецот?